Skip to main content
x

22 Jun 2021 - 12:20
redakcija
Статија

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе разговараат за многу важно прашање за проширување кон Западен Балкан, изјави Ана Паула Закаријас, министер за надворешни работи на Португалија.

Закаријас рече дека министрите во Луксембург ќе разговараат за тоа кога ќе може да се одобри отворањето на првите поглавја во преговорите со Северна Македонија и Албанија како и за состојбата во преговорите за членство со Србија и Црна Гора.

Таа посочи дека е многу добро што членките на ЕУ ја одобриле повеќегодишната предпристапна програма ИПА-III за Западен Балкан, во износ од 14,6 милијарди евра, до 2027 година.

Во врска со спорот со Бугарија, според извори на Бугарското национално радио (БНР), не се очекува промена во позицијата на Бугарија во однос на ветото.

Инаку пред почетокот на состанокот повеќе министри упатиле охрабрувачки пораки и поддршка за Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.

makfax.com.mk