Дали ќе се случи она што веќе со години го очекуваат старите и политички писмени меѓу помладите социјалдемократ кои одбиваат да прифатат нивната партија да се откаже од АСНОМ, да преговара со Бугарија за бришење на националните корени и да владее со помош на организирана мафија која е покровител на нарко дилери со државни пасоши, а легално произведува марихуана и ја продава на црниот пазар…

Се обидоа тие социјалдемократи да се оградат од Зоран Заев преку изјава на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, но Заев го нарече Бранко “замрзнат од времето кога е сменет“ и продолжи по старо. По овие брутални одговори на заевистите политички писмените социјалдемократи од поголемите грдаови во Македонија, а пред се од Скопје, очекуваат нова партија која ќе ги артикулира нивните политички гледишта, блиски до поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски.

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври, јавува  „Фокус“. Во СДСМ ниту ниту потврдуваат ниту негираат  такво нешто.

Шпекулациите говорат дека поранешниот премиер и претседател на Македонија ќе  формира партија заедно со незадоволните од СДСМ. Гласините се засилија откако веќе се појавија независни листи во неколку општини, а истовремено Радмила Шекеринска по осум години се повлекува од функцијата како потпретседател на владеачката партија.

Повикот на Црвенковски се јавува како последна надеж на социјалдемокрартијата да го сочува политичкиот образ, иднина и местото во историјата дека токму преку избришаниот АСНОМ се државотворна партија.