Више коа го спомнав МВР у прошлиот текст, ми текна на муабетот шо го праев пред некое време со Јове звани Удба. Иначе Јове Удба е пензиониран контраобавештајац од славната УДБА, кој побарал предвремена пензија само неколку месеци пред распадот на Југославија поради како шо ќе каже подоцна зато шо знаел дека се растура државата. Ни ги врзаа рацете, немоќни бевме, и зато си отидов у пензија. Прво и ебаа матер на службата, па после на државата. Али за тоа у друга прилика.

Е тој Јове Удба ми вика, Скопски, мукла за ова шо ќе ти го кажам, јасно! Немај гајле му викам. А смеам ли на блогот да го напишам? – На блогот може, на друг ни збор.

Па вика да си ибам тоа ушите абе као да имам некакво шесто чуло, само шо седнав на клупа коа до мене поминуваат двајца џандари и баш у моментот примаат позив на радио станица да интервенираат за некакво насилство. Ја ушите одма радари знаеш како е, професионална деформација, еднаш у службата увек у службата.

Едниов џандар тргна да одговори на позивот, а другиот му вика – Чекај бе полека не брзај, дај да видиме дали ќе го прими позивот некој друг. Другиов малце се штрецна али го послуша колегата. Продужија полека али ме мрзеше да ги пратам да видам шо ќе направат, пошо право да ти кажам преку глава ми е од следење више. Дали одговорија, дали интервенираа појма неам.

Видиш ли бе Скопски шо се дешава у државава, ќе пријави некој у полиција ради било шо, а они чекај полека. Е тоа у онаа прошла држава го немаше. Абе џандар беше институција, зато имаше ред и мир. А не сеа им туриле тетратки у раце и сакаш да има ред.

Право да ти кажам не се ни они криви, се плашат да интервенираат. Можда ќе мора да применат сила кон некој криминалец и може да се деси да заработат суспензија или да им цвикнат од плата. Се плашат за својата работа. Па јебем ти таква работа, не смееш да му свиткаш рака, не смееш да го погледнеш попреку, не смееш да го удриш, не смееш ова, не смееш она. Па како ќе се бориш со криминалци, со пољубци ли?

Абе у социјализмот ко ќе се фатеше бандит прво му следуеше макљање на лице место, после го тураат у Марица каде шо добија гратис вожња и уше една тура поправно васпитни мерки, после у милициска станица џандарите тамо да не останат покуси уше еднаш го пропуштаат кроз шаки пред да го стрпаат у челија. Сабајле се носи пред судија, а судијава го гледа и го прашуе – да не примениле милицајциве прекумерна сила?

– А јок ќе рече овој, се сопнав ко сакав да им бегам, сам сум крив. Другарите Милиционери беа многу коректни. Дури ми дадоа и апче против болови, пошто ме болеа бубрезите нешто. – Како си се сопнал тоа несреќо една, али ај сеа у затвор ќе ти помине.

А тамо имаше да го рехабилитираат до толку шо ко ќе искочи не можеш да го препознаеш. Да не ти се веруе дека некад бил криминалец. Цвеќка за мирисање. Мене лично ми се имаат захваљивано поранешни криминалци. Еден скоро го сретнав и ми вика, фала ти Јове као брат, вие и вашите методи ме имате изведено на прав пут.

Сега си работам, женет сум, деца имам. Кујзнае кај ќе завршев да не бевте вие. Е мој Скопски, тоа беше Милиција, зато спиевме со отворени врати.

Абе за добра полиција треба да има и добар министер за Внатрешни, се надоврза Јове. Тоа треба да биде авторитет човек. Мада сега такви авторитети тешко се наоѓаат. Од формирање на државава до сеа немало ниеден министер за внатрешни за кого можам да кажам дека бил асален.

Зато полицијата ни е таква каква што е, да не кажам неспособна. Али ај другпут ќе продужиме со муабетов ми вика Јове. Нешто оној чупавецот ми се понаша сумњиво, па да проверам шо е работата. Ах како сме ги шишале у времето, воздивна Јове. Се глеаме Скопски.

Е ваков као Јове ни треба за министер за внатрешни си помислив. Авторитет чоек.

Скопски солидарец, блогспот