Пролет му се реваншираше на Тиквеш

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пролет му се реваншираше на Тиквеш

Ракометарите на Тинекс Пролет славеа над Тиквеш со 32-28, реванширајќи му се на кавадаречкиот суперлигаш за поразот претрпен во првиот контролен меч во Кавадарци пред неколку дена. За разлика од тој меч, избраниците на Матлиески овој пат беа максимално концентрирани до крајот на мечот, не дозволувајќи му на Тиквеш да се врати резултатски во второто полувреме.

Доминација на Тинекс Пролет, им обезбеди на домашните сигурна предност на полувремето од цели 8 гола разлика, (20-12). Ваквата позитива беше рутински одржана во првите петнаесетина минути од второто полувреме, по што следуваше мало опуштање кај домашните и поблаг пораз за гостите со конечни 32-28.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата