Иако во изминатите години имаше многу шпекулации околу тоа дека Нејмар ќе го напушти тимот на ПСЖ и ќе се врати  во Барселона, сепак, се чини дека Бразилецот ќе остане и натаму жител на француската престолнина.

ПСЖ ќе го убедува Нејмар да остане на „Паркот на Принцовите“ со нов, побогат договор од сегашниот.

Со оглед дека и во Барселона ситуацијата не е сјајна, се чини дека Нејмар ќе прифати да остане дел од ПСЖ и да го продолжи договорот. Засега не се откриваат детали околу новата соработка, но според шпекулациите, Нејмар ќе биде третиот најскапо платен играч во Светот, по Меси и Роналдо.