Skip to main content
x

22 Nov 2020 - 16:50
redakcija
Статија

Мигел Оливеира, возачот на Тек3 КТМ, триумфираше на последната трка во Мото ГП шампионатот. Тој го освои првото место на ГН на Португалија.

Португалецот практично го освои првото место на „домашен терен“ на патеката „Алгавре“, со што ова беше втората негова победа во сезоната, а 14-та во кариерата.

Оливеира на доминантен начин, со водство од почетокот до крајот, на крајот се радуваше на најдоброто место на пиедесталот.

Втор заврши Џек Милер, додка трет Франко Морбидели.

Шампионот Жоан Мир не ја заврши трката поради проблеми со моторот на 10 круга до крајот.

sportmedia.mk

Најчитани вести