Вардар 1961 беше близу до победа на гостувањето кај Мешков Брест. Ракометарите на македонскиот тим одиграа многу подобро од она што го прикажаа во изминатиот период, но не издржаа во финишот.

„Црвено-црните“ не го искористија ниту расположениот Борко Ристовски, кој вечерва беше одличен на голот и главната причина за кам-бекот по негативата од четири гола и целосниот кам-бекот во мечот.

На крајот Мешков успеа да биде првиот тим кој по седум години успеа да ја прекина традицијата на македонскиот тим – триумфално да ја отвара сезоната во Лигата на шампионите.

Вардар ќе има шанса за поправен за една недела и тоа на домашен терен, гостин во Скопје ќе биде Елверум.