СЗО: Годишните времиња НЕ ВЛИЈААТ НА КОРОНАВИРУСОТ

11.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЗО: Годишните времиња НЕ ВЛИЈААТ НА КОРОНАВИРУСОТ

Светската здравствена организација вчера соопшти дека сезоните не изгледа дека влијаат врз коронавирусот, пренесува „The Hill“.

Вирусите можат да покажат сезонски облици. Ова сигурно го гледаме кај грипот. Но, овој вирус досега не покажа вакви сезонски обрасци, изјави Мајк Рајан, кој ја предводи програмата за итни случаи на СЗО.

Некои се надеваа дека топлината и влажноста ќе го сузбие преносот на коронавирус. Во раните денови на ширење на пандемијата во текот на зимските месеци, американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека пандемијата ќе заврши кога ќе се стопли времето. Но, студиите покажаа дека тоа не е случај.

Во овие летни месеци, коронавирусот се шири во американските градови Хјустон, Остин, Далас и Феникс. Двете најпогодени земји покрај САД, Индија и Бразил, исто така имаат топла клима. Но, и во Русија, каде што климата е постудена, повеќе од 890.000 луѓе се позитивни на коронавирусот.

Но, шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрезиус, рече дека постои причина за оптимизам. Тој го наведе Нов Зеланд како добар пример, каде што нема инфекција со коронавирус повеќе од сто дена, и Руанда, каде на сите им е дозволено бесплатно тестирање. Тој исто така истакна дека има земји каде преносот е многу низок, како Карибите и Пацифичките острови.

СЗО соопшти дека пандемијата ќе трае со месеци, но дека многу мал број од заразените се одговорни за ширење на инфекцијата. Околу 10 до 20 проценти од случаите се одговорни за до 80% од преносот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата