Исто како во Челзи со Кепа, и во Манчестер Јунајтед не се задоволни од настапите на својот голман Давид де Хеа. Па така се шпекулира дека раководството на клубот од “Олд Трафорд“ не само што го посакува, туку и би можело да го ангажира синот на клупската легенда Питер Шмајхел, Каспер. Познато е дека Каспер Шмајхел веќе неколку сезони наназад брани во одлична форма за Лестер, пред неколку години беше еден од најзаслужните за освоената титула на “лисиците“ во Премиерлигата.

Сепак засега се уште нема официјална понуда до Каспер Шмајхел. Од ова произлегува дека на шпанските репрезентативни голмани Де Хеа и Кепа воопшто не им оди добро во Премиерлигата, дека се пред отказ од Манчестер Јунајтед и Челзи.