Сендвич именуван во чест на словенечки парламентарец кој одбил да го плати

5.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сендвич именуван во чест на словенечки парламентарец кој одбил да го плати

Словенечки дистрибутер за брза храна, специјализирани за ладни сендвичи, ќе ја искористи актуелната политичка афера во земјата, што доведе до оставка на пратеник во парламентот, па на пазарот пласираше сендвич наречен „претеник“.

„Станува збор за убава досетка со цел да се овековечи неуспешниот чин на еден од 90-те избрани претставници на народот во нашиот парламент“, објави компанијата „Сандвичарна“, алудирајќи на пратеникот Јуриј Крајчиќ, кој, под притисок на неговата партија, Листа Марјан Шарац (ЛМШ) во понеделникот го врати мандатот.

Тој во разговор со свои колеги признал дека во текот на паузата на една седница, пошол во блискиот локал и си зел сендвич одбегнувајќи ја касата бидејќи продавачите не му обрнувале внимание, а нему му се брзало.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата