Градоначалникот Иван Радиќ изјави дека несреќата се случила околу 6.40 часот кога автобус со 10 патници од градскиот патнички превоз во Осиек запрел на семафор кога во него удрил друг автобус во кој имало 20 патници.
Во болница биле пренесени 20 повредени лица и засега ниту еден од нив не е во животна опасност, објави Ха-Те-Ве.
Причините за несреќата не се познати, но полицијата наложила автобусот кој се забил да биде одведен на технички преглед за да се утврди дали имал некакви недостатоци.
Извор: Јутарњи лист