Ковачевски поднесе оставка да се посветел на семејството, СЕГА МОЖЕ ДА ГО ПРАТАТ АМБАСАДОР ВО ПАРИЗ

26.04.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ковачевски поднесе оставка да се посветел на семејството, СЕГА МОЖЕ ДА ГО ПРАТАТ АМБАСАДОР ВО ПАРИЗ

Само дваесетина дена по оставката од директорското место во ЕСМ поради лични причини и да се посветел на семејството, кога Васко Ковачевски изјави дека решил да се повлече за да му се посвети повеќе на семејството, Владата, како што дознава МКД.мк, сега го предлага за амбасадор на Македонија во Франција.

По скандалот со Виктор Димовски, кандидатот за амбасадор во Париз, кој како директор за Агенцијата за национална безбедност беше еден од главните личности во аферата со пасошот за Олександар Онишченко, Владата сега решава во Франција да го прати Ковачевски.

Еве ги и другите предлози на Владата за испразнетите амбасадорски места, според неофицијалните информации на МКД.мк:

Андреј Жерновски во Букурешт, Игор Попов во Бразил, Емил Крстевски во Прага, Пајо Авировиќ во ОБСЕ, Џенк Сејфула во Стокхолм, Шпенд Садики во Израел, Јасмин Ќахил во Варшава и Јакуп Реџепи во Сараево, Никола Тупанчески во Белград.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата