„Непоканетиот гостин“ бил забележан додека патниците се качувале, а професионалниот ловец на змии Марк Пели веднаш бил повикан на местото на настанот. Тој првично мислел дека е отровен вид.
Имаше само една шанса
„Дури откако ја фатив, сфатив дека не е отровна. Дотогаш ми изгледаше многу опасно“, изјави Пели за локалните медиуми.
Подоцна беше објавено дека безопасната зелена змија (Dendrelaphis punctulatus), долга 60 сантиметри, била фатена, скриена зад панел во темниот дел од товарниот простор.
Пели нагласи дека имал само една шанса безбедно да го отстрани влекачот пред да се скрие подлабоко во авионот, објави „Скај њуз“.
„Змиите се многу брзи, тенки и агилни“, објасни тој.
Змија избегала од багажот?
Тој ги предупреди техничкиот и кабинскиот персонал дека патниците ќе морало да бидат евакуирани од авионот доколку змијата избегала. За среќа, успеал да ја фати од првиот обид, спречувајќи поголем инцидент.
Се верува дека змијата, која е заштитен вид и потекнува од регионот Бризбејн, најверојатно избегала од багаж на патник.
„Не е вообичаено да се најдат во авиони“, додаде Пели.
Поради строгите правила за карантин, влекачот не може да се врати во дивината. Моментално е на лекување од ветеринар во Мелбурн, кој ќе му најде дом со лиценциран чувар на змии.