Канаѓанката е една од најпознатите натпреварувачки во Светската серија „Red Bull Cliff Diving“, а таа сподели шокантно видео од моментот на падот, кој го опишува како најстрашниот момент во нејзиниот живот.
Карлсон поминала со полесни повреди, но поради несреќата морала да се повлече од натпреварот што се одржува во Италија.
- Со скршено срце морам да објавам дека нема да учествувам на втората станица од серијата Red Bull Cliff Diving тука во Италија, откако имав навистина ужасна несреќа. Еден од моите кошмари се оствари. Прво на сите, благодарна сум што сум добро. Никогаш не помислив дека можам да паднам од платформата, но се случи. Шокирана сум како моите рефлекси ми помогнаа да се снајдам како мачка и да завршам без сериозни повреди - напиша Карлсон на Инстаграм.
Инцидентот се случил за време на еден од нејзините последни скокови, кога нејзините прсти на нозете се лизнале од работ на платформата, спречувајќи ја правилно да го изврши скокот. Таа паднала од висина од околу 22 метри.