Снимката од БМВ-то го привлече вниманието на јавноста, како и реакцијата на властите. Младиот човек е приведен, му е одземена возачката дозвола, а подоцна е обвинет, објавува ТВП Варшава.
Јутјубер го држи воланот и телефонот
Објавеното видео го прикажува Јутјуберот, познат како г-дин Бадас, како го држи воланот со едната рака, а телефонот со другата. Полицијата го привела и неговиот пријател кој бил во автомобилот.
„Возачот е обвинет според член 74, став 1 од Кривичниот законик, што се однесува на предизвикување непосредна опасност во сообраќајот“, изјави Малгожата Версоцка од Полициската управа во Варшава.
Таа додаде дека таквото неодговорно однесување „нема оправдување и претставува закана за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот“.
Дали видеото е вистинско?
Приведените мажи се полски државјани и никогаш претходно немале никакви проблеми со законот. Возачот се изјаснил за невин, а полицајците му го заплениле БМВ-то, како и телефоните што се користел за снимање.
По обвинувањата, сепак, беа изразени сомнежи дека објавената снимка е монтирана, односно дека не е автентична. Истрагата продолжува, а експертите мора да утврдат дали возачот достигнал 390 км/ч на автопатот или станува збор за лажна снимка.
Инструкторот за возење Марчин Мјелчарек верува дека снимката „може да биде вистинска“, објаснувајќи дека е можно да се постигнат големи брзини под одредени технички услови.
Kierowca pędzący 390 km/h na S79 w Warszawie, z telefonem w ręku, nagrywa własne nieodpowiedzialne zachowanie. Nagranie zamieścił na swoim Instagramie "Mr. Badass", entuzjasta motoryzacji, youtuber i miłośnik BMW, działając w poczuciu bezkarności, lekkomyślnie stwarzają… pic.twitter.com/TH4JZ1C0O2
— Krengiel🇵🇱 (@krulbijedame) June 24, 2025
„Потенцијален убиец“
Од друга страна, тој предупредува дека ова однесување е „исклучително опасно“ и дека никој не треба да го имитира познатиот Јутјубер.
„Тој возач е потенцијален убиец. Најлошото е што многу млади луѓе сакаат да го следат и да бидат најдобри, рекордери“, додаде Мјелчарек.
Јутјуберот сега се соочува со затворска казна до осум години ако биде прогласен за виновен.