Жената која на „Бред Пит“ му исплатила 830.000 евра заврши во болница- паднала во депресија

18.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жената која на „Бред Пит“ му исплатила 830.000 евра заврши во болница- паднала во депресија

На Ана подоцна ѝ била дијагностицирана тешка депресија. Пред два месеци таа се пријавила во клиника за ментално здравје, каде што е сместена и денес. Нејзината адвокатка, Лорен Хана, изјави дека нејзината клиентка на интернет ја нарекуваат „глупава и наивна“ и дека била безмилосно малтретирана.

По инцидентот со „Бред Пит“ и коментарите на луѓето на интернет, Ана ги избришала сите нејзини социјални мрежи. Адвокатката вели дека случајот е ужасен и дека е шокирана од реакциите на социјалните мрежи.

"Луѓето изгледа само што открија дека има измами на интернет. Љубовните измами преку Интернет не се ништо ново. Ана сигурно не е сама. Она што ѝ треба на мојата клиентка е разумен совет и достоинствено да се третира", изјави Лорен за Daily Mail.

Лорен Хана раскажа како ѝ помага на својата клиентка да поднесе тужба против банката затоа што дозволила неконтролирани трансфери на толку големи суми пари на странски сметки.

Да се ​​потсетиме дека, вели Ана, „Бред Пит“ во еден момент ѝ напишал дека има рак на бубрегот и дека поради разводот со Анџелина Џоли не може да си ги дозволи средствата за лекување. Тој ѝ испратил фотографии од болницата (дури и од операционата сала), создадени со помош на вештачка интелигенција. Тие никогаш не разговарале по телефон бидејќи, според Ана, секогаш биле премногу зафатени.

По неколку месеци допишување, Ана се согласила да се омажи за човекот кој ѝ испраќал пораки. Таа на крајот му платила пари за „третман“ на лажна сметка. Почнала да се сомнева во неговиот идентитет кога во медиумите се појавија фотографии од Бред Пит со неговата девојка Инес де Рамон. Таа ангажирала инспектори, кои набрзо ја откриле вистината - таа никогаш не комуницирала со Бред Пит. Сепак, било предоцна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата