20- годишно момче освои 8,8 милиони евра на лото, па се врати на работа: Го послушав татко ми

18.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
20- годишно момче освои 8,8 милиони евра на лото, па се врати на работа: Го послушав татко ми

Во моментот на извлекувањето на добитните броеви, Џејмс бил кај својата девојка, која не му поверувала кога ѝ рекол дека го освоил џекпотот.

„Мојата девојка ме погледна сонливо и ми рече „не, ти не победи“ и се преврте и заспа“, рече тој. Кога се вратил дома и неговото семејство се јавило на линијата Национална лотарија, не можеле да го преболат шокот. „Мислам дека во тој момент почнав да се смеам. Помислив: „Колку е ова лудо!“, рекол тој.

Среќниот добитник ја прослави победата со семејството и пријателите со шампањ, но ден по победата направи нешто што многумина не би го направиле на негово место - се вратил на работа.

"Денот откако дознав дека сум го освоил џекпотот, излегов и се обидував да ги поправам блокираните одводи. Беше малку темно, но тоа е реалноста. Нема да престанам да работам, премногу сум млад", откри Џејмс, кој сака да стане машински инженер.

„Треба да имам цел во животот. Освен тоа, татко ми и онака не ми дозволуваше да престанам да работам. Тој вели дека има многу милионери кои сè уште работат и ти треба причина да стануваш секој ден“, рече тој.

Инаку, Џејмс, меѓу другото, резервирал луксузен одмор во Зеленортските Острови и купил дизајнерски предмети, а планира да им ја исплати и хипотеката на родителите и да си купи „ауди“. Тој е голем фан на Манчестер Сити, па ќе се почасти со сезонски билет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата