Милиони луѓе наутро пијат кафе зашто сметаат дека овој напиток ќе им го подигне нивото на енергија, но стручните лица предупредуваат дека кафето потенцијално може да предизвика и здравствени тегоби.
Лекарите сугерираат дека кафето го стимулира желудникот да произведува повеќе киселини, што доведува до симптоми на рефлукс, вклучувајќи мачнина, лош здив и подуеност. Сепак лекарите велат дека ова може лесно да се реши ако додека пиете кафе внесувате и храна.
Со текот на годините, нашите црева стануваат поосетливи, па ако наутро пиете кафе без претходно да јадете, тоа може да ги иритира цревата и да го зголеми создавањето на киселина, што доведува до рефлукс на киселина.
Рефлукс на киселина е чест здравствен проблем кој настанува кога желудочната киселина доаѓа во хранопроводот иритирајќи го мекото ткиво.
Поранешните истражувања покажаа дек кофеинот го стимулира производството на хормонот гастрин, кој е одговорен за создавањето на желудочната киселина. Иако ова помага да се покрене процесот на варење, исто така создава киселост во желудникот. Освен тоа, соединенијата на растителна база, познати како феноли, кои ги има во изобилство во кафето, може да придонесат до зголемено ниво на киселост во цревата.
Една студија на група истражувачи од Франција од 2022 г. покажала дека кафето може да го олабави сфинктерот на хранопроводот, „дозволувајќи храната да побегне во хранопроводот и да предизвика киселина“. Ефектите варираат од една личност до друга.
Кај некои, поголемото ниво на желудочна киселина предизвикано од пиење кафе без храна не предизвикува проблеми, но кај други доведува до непријатност.
За да се спречи рефлуксот на киселина, стручните лица препорачуваат да почекате најмалку еден час по будењето, наместо веднаш да се фатите за кафето. Тоа е доволно време за нивото на хормони кои го регулираат варењето да се избалансираат. А, исто така, имате можност нешто да каснете.
Освен тоа, периодот помеѓу појадокот и внесувањето кофеин може да доведе до постабилни нивоа на енергија во текот на денот, наместо остри подеми и падови што се случуваат поради раниот „удар“ со кофеин.