Трамп во објава на својата платформа Трут Соушал синоќа рече дека одобрил Министерството за трговија и Канцеларијата на американскиот трговски претставник да воведат царини од 100 отсто за „секој и сите филмови“ што доаѓаат во САД, а чија продукција е во „странство“.
- Филмската индустрија во Америка умира со многу брза смрт, напиша тој и укажа дека многу земји нудат разни видови стимулации за да ги одвлечат филмските режисери и студија од САД.
- Ова е здружен напор на други земји и според тоа закана за националната безбедност. Тоа е, покрај сè друго, испраќање пораки и пропаганда, додаде тој.
Засега не е јасно како може да се примени таква царина на меѓународни продукции. Често за големи, но и за некои мали филмови, заедно да се вклучат продукции од САД и од други земји. Високобуџетските филмови како најновиот „Невозможна мисија – Конечна одмазда“ се снимени низ целиот свет.
Програмите за стимулации се однесуваат на тоа каде се снимени филмовите, и сè повеќе филмската продукција се преместува надвор од Калифорнија во други американски држави и други земји со поволни даночни услови, како што се Канада и Велика Британија.
Сепак, царините се наменети да ги доведат потрошувачите кон американските производи. Во киносалите во САД, убедливо доминираат филмови произведени во Америка.