„Секое барање, без разлика колку е чудно или лудо, имаме должност да го исполниме“, вели Жизел и додава дека ја работи оваа работа веќе неколку години, како и дека ја работи поради добрите пари што ги заработува бидејќи во спротивно ја смета за површна и стресна. Освен парите, Жизел се согласила на оваа работа бидејќи ги сака патувањата и морето, па затоа работата на јахта се покажала како работа од соништата. Но, како и секоја друга личност, таа има свои недостатоци, а за да покаже колку бизарна може да биде, сподели необична ситуација со богат човек на која самата била сведок.
„Еднаш, еден мултимилионерски гостин му предложил на член на екипажот да врши нужда врз стаклена маса додека тој лежи под неа и ќе му плати 10.000 долари за тоа“, се присети таа, додавајќи: „Друг гостин сакал една од хостесите цело време да стои во аголот и да го гледа додека вечера“.
Таа исто така додаде дека на работниците на луксузни јахти генерално не им е дозволено да кажат „не“, освен ако барањето не е интимно или опасно по живот.
„Секое барање, без разлика колку е чудно или лудо, е наша должност да го исполниме. Сопствениците на јахти исто така велат дека екипажот мора да одговара на нивната јахта, односно дека луѓето што работат мора да бидат убави како нивната јахта. Затоа таму гледате многу млади и убави луѓе, а условот е и да бидат во форма“, вели Жизел, чии должности на јахтата вклучуваат примање повици, организирање и планирање настани и водење сметка.
@giselleazueta Los hombres aprenden con acciones no con palabras✨ #consejosdeamor #consejosdehermanamayor #consejos #tipsdeamor #tips #hombres #consejosdecitas #citas #cita #date #energiafemenina #energia ♬ Jazz Bossa Nova - TOKYO Lonesome Blue
„Јас сум задолжена за сите купувања за екипажот, списокот со специјални гости, купувањето за посебни барања што ги имаат гостите“, изјави таа за Метро, нагласувајќи дека придобивките од работата на јахта ги надминуваат сите необични барања.
„Се запознаваш многу себеси бидејќи поминуваш многу време сам. Тоа е многу добро платена работа. Сите неверојатни места, погледи, зајдисонца, луѓе што ги среќаваш од различни делови на светот, ги прават позитивните аспекти на работата да преовладуваат“, заклучи таа.