Се чистеше на 20 локации во околината на Прилеп, а една од нив е околината на прилепското село Волково каде треба да се направи катче за рекреација.
-Сите простори околу градот треба да бидат чисти- просторите за пешачење, за рекреација, излетничките места. Паралелно со тоа ја подигнуваме свеста за чиста еколошка средина. Прво, треба да ја подгнуваме свеста за чиста и здрава животна средина и околина, второ, јавните комунални претпријатија да ги подигнеме на повисоко ниво на функционирање со зголемена механизација и последно да остане системот на присила зашто кај некои граѓани мора да се зголеми еколошката свест бидејќи истураат отпад каде ќе стигнат. Планираме да има неколку пункта каде и досега граѓаните оставале отпад, барем јавните комунални претпријатија оттука да го собираат отпадот, изјави прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
Прилепската локална самоуправа најавува догодина да има и видео надзор кој ќе го контролира фрлањето смет, а се размислува и за донесување правилник за комунален ред.
Одлагањето на отпадот се врши во попладневните часови, а според Законот за јавна чистота може да постапува и полицијата. Потребно е и изрекување казни.
- За да се изречат казните треба на лице место да се фати оној што истура отпад, вели Цветанка Николоска, инспектор за заштита на животната средина.

