Во Индија утре почнува фестивал на кој се очекуваат 400 милиони посетители

12.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Индија утре почнува фестивал на кој се очекуваат 400 милиони посетители

Овој хиндуистички свет фестивал ќе биде најголемиот собир што ќе се одржи на сливот на три свети реки – Ганг, Јамуна и митската, невидлива Сарасвати.

Побожните хиндуси веруваат дека капењето во света вода ги ослободува луѓето од гревовите, а за време на фестивалот Кумб Мела, исто така носи спасение.

Фестивалот има свои корени во хинду традицијата, која вели дека богот Вишну украл златна тегла со нектар на бесмртноста од демонот. Во 12-дневната небесна битка, четири капки паднале на земјата, во градовите Прајаграј, Харидвар, Уџаин и Нашик, кои ротираат како домаќини на фестивалот на секои три години.

Кумб, кој се одржува еднаш на 12 години, го има префиксот „маха“ (голем) и привлекува голем број луѓе.

Кумб Мела е голем тест за властите да ја покажат способноста на Индија да организира и управува со движењето на милиони луѓе и да ја задржи светоста на прастариот фестивал./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата