Мексико нема да дозволи САД да испраќаат мексикански мигранти во Гвантанамо

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мексико нема да дозволи САД да испраќаат мексикански мигранти во Гвантанамо

Според шефот на дипломатијата, ова се наведува во дипломатската нота испратена од мексиканската влада до американската амбасада во Мексико.

САД вчера го испратија првиот воен авион со мала група приведени мигранти во својата поморска база во југоисточна Куба.

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го прошири центарот за притвор за мигранти, одвоен од воениот затвор со максимална безбедност во базата Гвантанамо, за да прими до 30.000 мигранти. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата