Владин службеник во Индија наредил да се испразни брана за да си го најде телефонот

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владин службеник во Индија наредил да се испразни брана за да си го најде телефонот

Телефонот, според инспекторот за храна Раџеш Вишвас, содржел чувствителни владини податоци, а откако локалните нуркачи не успеале да го пронајдат, тој платил да се донесе дизел пумпа која работела долго за да го испразнила малото вештачко езеро.

Сепак, откако телефонот бил пронајден, тој не работел, а инспекторот потоа добил суспензија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата