Новоизбраниот папа, исто така, апелираше за вистински и траен мир во Украина, како и за прекин на огнот во Газа и ослободување на сите израелски заложници.
Во исто време, Лав 14-ти го поздрави примирјето постигнато меѓу Индија и Пакистан и додаде дека се моли на Бога да го дарува светот со „чудото на мирот“.
„Браќа и сестри, огромната трагедија од Втората светска војна заврши пред 80 години, на 8 мај, откако однесе 60 милиони жртви. Во денешното драматично сценарио на трета светска војна во делови, како што кажуваше папата Франциск, и јас им се обраќам на големите сили во светот со сè поактуелен апел: никогаш повеќе војна“, рече папата Лав Четиринаесетти.