Вака се засакале Бранко Коцкица и неговата сопруга

30.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вака се засакале Бранко Коцкица и неговата сопруга

Актерот и детски аниматор Бранко Милиќевиќ, попознат како Бранко Коцкица, речиси пет децении сакал само една жена која му го заробила срцето.

Имено, режисерката Слободанка Цаца Алексиќ и Бранко Коцкица се запознале благодарение на една претстава и оттогаш започнала нивната нераскинлива љубовна приказна. По пет децении среќен брак, летото 2019 година, одекна веста за која актерот не бил подготвен. По кратко и тешко боледување Цаца почина.

По смртта на сопругата, Бранко Коцкица останал да живее во нивниот дом во населбата Врачар, каде што друштво му прават кучето Лаки и враната Сивко. Сопружниците внимателно го уредиле својот стан и во него ја вткале љубовта што ја делеле сите овие години. Многумина ги трогна љубовната приказна на славниот пар за која тие јавно говореа.

-За Бранко најпрво мислев дека е дрзок и несимпатичен лик, но со тек на време прво се заљубив во неговата глума, а потоа и во него, и така почнавме да се забавуваме – изјави режисерката во една прилика.

Во таа прилика Бранко откри и кога се бакнале прв пат.

-Првпат ја бакнав на премиерата на една претстава која таа ја режираше, а во која јас глумев. Ѝ пријдов зад сцената и така започна сè – изјави Милиќевиќ, објаснувајќи дека подготвуваат голема прослава по повод петдеценискиот брак, но ненадејната смрт на Цаца целосно го изненади.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by tamara (@g.aleksic)

Актерот го откри и својот рецепт за брачна среќа и покажа дека спротивностите сепак се привлекуваат, и дека постојат голем број коцкички што треба да се поклопат за една врска да опстане.

– Ние двајца сме како рогови во вреќа, но нè поврзува љубовта кон театарот. Постојано се расправаме за нешто, она што најмногу ме нервира кај Цаца е тоа што таа никогаш досега не приготвила исто јадење затоа што сè готви од око. Таа е исклучителна готвачка, а најдобро приготвува пијан крап – изјави Бранко своевремено.

Иако немаа деца, Слободанка и Бранко својот живот го посветија на работата со деца и го обележаа детството на многу генерации. Тие го основаа и театарот „Полжав“(„Пуж“), низ кој поминале илјадници деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата