Тригодишно девојче си игра и се застрелува со пиштол, роднина до неа гледа натпревар (ВИДЕО)

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тригодишно девојче си игра и се застрелува со пиштол, роднина до неа гледа натпревар (ВИДЕО)

Со неа во тој момент бил и нејзиниот братучед, кој седел на каучот и гледал натпревар.

На снимката од надзорните камери се гледа како девојчето го зема пиштолот од каучот додека роднината седи до неа. Во моментот кога пукнал пиштолот, тој веднаш скокнал да ѝ помогне.

Со нив во собата била и бабата на девојчето, која за жал не можела ништо да направи, бидејќи била неподвижна.

Младиот човек во полиција изјавил дека го оставил оружјето необезбедено многу кратко додека отишол да го земе компјутерот. Тој тврди дека за тоа време девојчето требало да го чува другата баба, која била со нив во куќата.

Девојчето било пренесено во болница каде ѝ биле констатирани повреди на раката.

Бабата на девојчето веднаш повикала полиција.Лекарите се надеваат дека ќе ѝ ги спасат прстите.

„Ова беше многу трауматичен настан за целото наше семејство“, вели бабата.

Во меѓувреме девојчето успешно закрепнува во болница, насмеана и расположена, објави Дејли Меил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата