Еден татко неодамна на родителската средба застанал пред другите родители и им се извинил на наставниците поради ниските оценки на неговиот син бидејќи тие го намалувале просекот на целото одделение.
„Работам како психолог. Силниот менталитет и високиот коефициент на емоционална интелигенција се клучни за успех во нашата кариера“, изјавил тој во виралното видео објавено на кинеската социјална мрежа Douyin.
Тој им се заблагодарил на наставниците за трудот и работата што ги вложиле во неговиот син и истакнал дека кај момчето забележал одреден напредок.
„Мислам дека тој има шанса да стане извонредна личност во иднина“, додал овој родиел.
Видеото им се допаднало на повеќе од 1,6 милиони лица. Многумина го пофалиле овој татко за начинот на кој го поддржува своето дете.
„Детето е сè уште мало и за да напредува неопходен му е поттик. Нема сомнеж дека со ваков татко детето ќе биде успшна личност", искоментирало едно лице.
„Со ваков татко кој има отворен ум, момчето ќе стане извонредна личност“, смета друга личност.
„Лошите оценки не го одразуваат карактерот на личноста. Оние со исклучителен талент можат да придонесат за нацијата, но оние со просечни способности можат да најдат радост и чувство на исполнетост во семејството“, заклучила трета личност.