Швајцарски кантони предупредуваат на ризичен „предизвик со парацетамол“ на ТикТок

31.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарски кантони предупредуваат на ризичен „предизвик со парацетамол“ на ТикТок

Како дел од „предизвикот“, млади и деца се предизвикуваат меѓусебно да земат високи дози од аналгетикот парацетамол, често со фатални последици, јави Свисинфо.

Здравствените власти во кантоните Фрибург, Јура и Вауд предупредија на ризиците од оваа практика и ги повикаа аптеките да бидат повнимателни кога го продаваат лекот на младите луѓе./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата