Гледаме две портокалови и црни чау чау кученца како играат во заграден простор, а многу корисници бурно реагираа.
„Зарем тоа не е куче, а едно лице додаде: „Веројатно не ги капат кутрите животни за да не се измие бојата“.
Откако локалните медиуми стапиле во контакт со зоолошката градина, било објаснето дека кученцата биле насликани како „кучиња-тигар, а не тигри“, пишува „Дејли мејл“.
@thesun A Chinese zoo caused outrage after it emerged that they had tried to pass off painted dogs as tigers 🤦♂️ #tigers #zoo #funny #china #dogs ♬ original sound - The Sun
Ако не сте запознаени, чау чау е една од најстарите раси на кучиња. Тие се скапи бидејќи се ретки и тешко се репродуцираат.
Претставниците на зоолошката градина тврдат дека кучињата биле обоени за „забава“ и дека нивното здравје не било загрозено.
Ова не е првпат слични работи да се случуваат во Кина. За потсетување, на крајот на септември 2023 година, зоолошката градина во провинцијата Гуангдонг се најде на столбот на срамот бидејќи нејзините чау-чау кучиња беа пострижани и насликани да личат на панди.