Сакал да направи селфи со слон, па завршил во болница- но тука не завршуваат маките (ВИДЕО)

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сакал да направи селфи со слон, па завршил во болница- но тука не завршуваат маките (ВИДЕО)

Човек по име Р. Басаварај (51) од Нанџангуд е снимен како бега од разбеснетото монструозно чудовиште, а потоа паѓа на патот. Она што следело ги шокирало сведоците, објавува Дејли Меил.

Туристот завршил во болница

Слонот го прегазил и го згмечил човекот, по што исчезнал во шумата. Повредениот Басаварај останал без панталони и долна облека, но некако станал и побарал помош.

Тој бил однесен во болница со сериозни повреди, но тоа не било крајот на неговата мака. Подоцна бил казнет со 25.000 рупии (околу 200 евра) и морал да сними видео признание.

Во тоа време, тој рекол дека инцидентот се случил поради неговото непознавање на правилата за безбедност при справување со диви животни.

Слонот ручал покрај патот

За време на испрашувањето, Басаварај наводно признал дека дошол да направи селфи. Во исто време, тој апелира до луѓето да не го прават тоа, бидејќи тоа е спротивно на правилата, објавува „Тајмс оф Индија“.

Сведок на инцидентот, Даниел Осорио, изјави дека слонот јадел моркови покрај патот во моментот на нападот и дека туристот го провоцирал животното со ненадеен блиц на својот фотоапарат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата