- Светскиот поредок е разнишан на многу фронтови, рече Егеде, додавајќи дека „претседателот на САД е многу непредвидлив и тоа ги загрижува луѓето“.
Во контекст на неодамнешните изјави на новата американска администрација за интересот кон Гренланд, Егеде повтори дека гренландскиот народ се стреми кон независност и не сака да биде ниту дел од Данска, ниту да стане американска територија.
- По неодамнешните случувања и по тоа што го кажа и направи американскиот претседател, повеќе не сакаме да бидеме толку блиски со САД како што можеби сакавме порано, рече тој, обвинувајќи го Трамп за недостиг на почит кон Гренландците.
Тој нагласи дека стабилна стратегија за независност е клучна по изборите, со фокус на економска диверзификација, особено во туризмот, рударството и зелената енергија.
Лидерот на левичарската партија „Инуит атакатигиит“ (Братство на Инуити) смета дека иднината на Гренланд е во рамките на западните сојузи.
- Прашањата поврзани со безбедноста и одбраната бараат да се поврземе со држави со кои веќе сме сојузници, истакна тој.
Независноста ќе биде едно од клучните прашања на утрешните избори, при што мнозинството од 57.000 жители на Гренланд изразуваат желба да се идентификуваат како Гренландци, а не како Данци или Американци.