Ова доаѓа по одлуката на Израел во јануари годинава да ѝ забрани на УНРВА да спроведува активности на израелска територија.
- Ние, Државата Израел, работиме на изнаоѓање замена за активностите на УНРВА во Газа, изјави израелскиот амбасадор Мерон.
Тој одби да навлезе во детали, но нагласи дека Израел „ги охрабрува агенциите на ОН и невладините организации“ да ја преземат работата во областите за кои се специјализирани.