Неканети гости заѕвонија на врата во Флорида- алигаторите чекаат некој да им отвори (ВИДЕО)

22. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неканети гости заѕвонија на врата во Флорида- алигаторите чекаат  некој да им отвори (ВИДЕО)

Неименуван маж објави видео од ѕверовите кои пристигнуваат на неговиот праг во раните утрински часови, а она што следело ги запрепасти гледачите.

Барале храна?

Камерата на влезната врата го снимила алигаторот како се подига на задните нозе и ја притиска главата на вратата - како да чука, или можеби ѕвони, за да го објави неговото пристигнување.

Неговите вилици, во еден момент, беа веднаш до камерата.

Настрана шегите, можете да замислите каков ужас почувствувал сопственикот на куќата кога ги видел огромните предатори, најверојатно во потрага по храна.

Љубопитен предатор

Додека едниот алигатор „душкаше“ околу вратот, другиот стоеше неподвижен на тремот, пренесува New York Post.

Љубопитниот алигатор зјапаше во прозорецот на вратата за момент, а потоа почна да ја врти главата, како да „го истражува просторот“ и „бара алтернативен влез“, коментираат гледачите.

Бидејќи никој не ја отворил вратата, „гостите“ решиле да се изгубат. Кој знае, можеби посетиле некоја друга семејна куќа на Флорида...

Различни коментари

Видеото предизвика голем број коментари, особено на Reddit, каде што првично беше објавено со порака: „Имавме посетители утрово“. Многумина на шега ја коментираа сцената, а имаше и преплашени гледачи.

"Тие стануваат попаметни. Не е ни чудо што се потомци на диносауруси", напишал еден корисник.

„Добро вечер, комшии, имате ли шеќер да позајмите“, хумористично додаде друг.

„Ова изгледа страшно. Знаете што е уште полошо? Можат да се качуваат по дрвја и огради“, додаде трет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата