Ова е состојбата на познатата актерка!
Познатата актерка Софија Лорен на 20 септември го прослави својот 89 роденден, а набргу потоа доживеа несреќа.
Таа се лизнала во бањата во нејзиниот дом во Женева и паднала, а веднаш била пренесена во болница, објави италијанскиот весник „Кориере“.
Софија Лорен денеска го слави својот 89-ти роденден: холивудската дива го плени светот, а нејзиниот живот беше одбележан со филмска љубовна приказна која траеше половина век
Софија ЛоренПрофимедија
Иако прво беше објавено дека актерката ја скршила бутната коска, поради што и била итна операција, сега извор близок до Софија изјавил дека се здобила со уште неколку скршеници, пишува „Холивуд репортер“.
Изворот додаде дека постои „внимателен оптимизам за исходот од операцијата и за закрепнувањето на Софија, што ќе вклучува кратко опоравување во болница, а потоа долга рехабилитација“.