Фото: Милијардерите се подготвуваат за Апокалипсата!?

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Милијардерите се подготвуваат за Апокалипсата!?

Како внатре изгледа бункерот за бекстремно богатите, само 1% од човештвото ќе уживаат во луксуз ако светот потоне во хаос!

Според апокалиптичното сценарио во кое остатокот од човештвото оние 99 проценти,ќе се борат за преостанатите резерви на конзервирана храна и чист воздух, 625 особено среќни (и особено богати) луѓе ќе пијат чај од хибискус покрај базен кој се уште всушност не постои?!

Следното лето, SAFE (кратенка за Strategically Armored Facilities Enterprises) ќе отвори луксузно засолниште за судниот ден во Вирџинија.

Цената за прием?  Секое живеалиште вреди по еден милион долари по член. Толку чини да се преживее апокалипсата на кожени фотелји и пенливо вино додека остатокот од цивилизацијата е во хаос.

Се разбира, за тие пари не се добива само бетонска дупка во земјата. Купците милијардери би добиле супермодерна кујна, „велнес“ кино...

Дури и медицинската нега поддржана преку „ вештачка интелигенција“.

И, како круна на апсурдноста евентуалните купци на овој супер луксузен бункер за спас од Апокалипсата би добиле и базен!?под земја.

Со специјални ефекти кои го имитираат чувството да се биде на карпа. Затоа што се чини дека богатите не можат да го издржат крајот на светот без илузијата на луксузното одморалиште a „la White Lotus“.

Ваквиот бункер секако не е илузија. Одамна се знае дека супербогатите тивко се подготвуваат за колапс на цивилизацијата. Технолошките милијардери веќе купуваат земјиште во Нов Зеланд.

Приватни засолништа во планините. Цели острови со хидропонски фарми и соларни панели.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата