Меган Маркл ги воодушеви стјуардесите со порака, што им ја напишала на марамче (ВИДЕО)

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меган Маркл ги воодушеви стјуардесите со порака, што им ја напишала на марамче (ВИДЕО)

За време на неодамнешниот лет на „Американ ерлајнс“, Меган го воодушеви екипажот со својата љубезност и личната порака што ја напишала на хартиено марамче.

Меган им напиша порака

Стјуардесата Нина Вида раскажа како не можела да го скрие своето задоволство кога сфатила дека Меган е на нејзиниот лет. Таа додаде дека е „уште поубава во живо“ и ја опиша како „слатка и љубезна“. Во знак на благодарност, стјуардесите ѝ подадоа марамче со порака во која ѝ се заблагодаруваат за можноста да ѝ служат и велат дека ја обожаваат, потпишувајќи се како „Девојките од Американ ерлајнс“.

Меган, исто така, го пофали нивниот маникир

На нивно изненадување, Меган набрзо возвратила на гестот - остави рачно напишана порака на ново марамче: „Драги девојки од Американ ерлајнс, ви благодарам за вашата љубов, гостопримство и рачно напишаната порака. Ме познавате многу добро. Ви ја испраќам сета можна љубов, вашата Мег“, им порачала Меган.

Стјуардесата исто така откри дека Меган ја забележала и ѝ дала пофалби за маникирот.

@ninavidavlogs No picture but I love a hand written note 💖👑 #flightattendant #meghanmarkle #fyp #travel ♬ original sound - NinaVida | travel diaries

Патем, Меган е позната по својата љубов кон рачно напишаните пораки - еднаш посвети објави за тоа на нејзиниот поранешен блог за животен стил, The Tig. „Многу е посебно кога некој ќе одвои време и труд да земе пенкало и хартија и да ти напише порака“, напиша таа во тоа време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата