Каскадер бил лансиран од катапулт, но ја промашил целта- публиката во шок (ВИДЕО)

11.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каскадер бил лансиран од катапулт, но ја промашил целта- публиката во шок (ВИДЕО)

Драмата се одвивала за време на традиционалниот фестивал во округот Риверсајд, а снимката била објавена на социјалните мрежи.

Каскадерот се подготвил да биде катапултиран, како човечко ѓуле и како безбедносна мерка била поставена мрежа каде што требало да слета.

Пред опасниот потфат сѐ било детално проверено, а „Rocketman Valencia“ се искачил високо пред воодушевената публика.

Сепак, тој слетал премногу блиску до работ на заштитната мрежа и завршил на бетонот, пренесува Yahoo.News.

Несреќниот човек се здобил со сериозни повреди на црниот дроб, 'рбетниот мозок и скршеници на ребрата и раката, а набрзо му била укажана помош во локалната болница.

Прва помош му била укажана од членовите на тимот, додека шокираната публика гледала како тој лежи беспомошно.

Подоцна за медиумите изјави дека ненадеен налет на ветер му ја променил траекторијата, па не слетал на средината на мрежата. Сигурно имал многу среќа за да остане жив.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата