„Тиктокерката“ Кејти го сними и објави мигот кога нејзиното семејство ја прелистува големата, стара книга со детално изработени написи и илустрации.
„Дедо ми чекаше на 88 години за да ни каже дека имаме Библија стара 300 години на таванот“, напишала Кејти до своето видео. - „Сѐ ова е напишано на германски. Јас не знам да читам германски, не говорам германски, па ако некој бара превод или толкување, тоа не сум јас“, додаде девојката.
@sweatshirtgorly im signing it w my insta username 🫶🏻 #fyp #scared #grandpa ♬ original sound - Moses Murisho
Снимката стана хит на интернет и досега собра повеќе од 18,7 милиони прегледи, 3,9 милиони допаѓања и илјадници коментари од следачите.
„Здраво, јас сум библиотекар. Не давајте го ова никому, на ниту една установа. Не продавајте ја без професионална проценка. Буквално вријам од возбуда поради ова богатство, о Боже!", рече еден обожавател.
„Дали навистина е толку стара? Најстариот датум на списокот е 1844 година. Изгледа повеќе како да е од 1840-тите отколку од 1720-тите“, се надоврза друг следач.
Кејти, сепак, одговори: „Кутијата во којашто ја најдовме (Библијата), беше означена со 1747 година, па отидов со тој датум“.
Ако тоа е вистина, Библијата би била стара 278 години. Во објавата, Кејти објасни дека не очекувала толкаво внимание за видеото.