Ја изгубил бурмата додека хранел крави, по четири месеци добил телефонски повик

8.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ја изгубил бурмата додека хранел крави, по четири месеци добил телефонски повик

Хранел крави и сфатил дека ја изгубил бурмата. Тој темелно ја пребарал шталата, но не можел да ја најде, пренесува Passauer Neue Presse.

Ја изгубил бурмата, а потоа ја дознал вистината

Фармерот се оженил две години порано и бил многу тажен, верувајќи дека засекогаш ја изгубил бурмата. А потоа, четири месеци подоцна, се случил неочекуван пресврт.

Во неговата куќа заѕвонил телефонот, а се испоставило дека му се јавува месарот Јозеф Штајнлајтнер (59). Тогаш ја дознал неверојатната вест! Неговиот венчален прстен бил пронајден во стомак на крава.

Месарот работел на место оддалечено педесетина километри, а 32-годишниот Брандхубер веднаш влегол во автомобилот и нагазил на гас.

Кравите голтале метални предмети

Се испоставило дека кравата, која се викала Херзал, што на локалниот дијалект значи „мало срце“, го проголтала прстенот заедно со овесот и тој останал во нејзиниот дигестивен систем.

"Никогаш не сум доживеал вакво нешто. Ова се случи само затоа што го обработуваме месото рачно. Еден од вработените забележал мал сјаен предмет и го спасил", објаснил Штајнлајтнер, кој е месар 40 години.

Тој додава дека во стомакот на кравите претходно пронашле разни метални предмети, но никогаш накит.

Брандхубер се вратил дома пресреќен, а неговата сопруга открила дека никогаш не изгубила надеж дека бурмата ќе биде пронајдена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата