Дарко Јованчевски од Бадел Мастерклас за Канал 5: Ние создаваме уметност со коктели

17.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дарко Јованчевски од Бадел Мастерклас за Канал 5: Ние создаваме уметност со коктели

Дарко во интервју за нашиот портал призна дека себеси се гледа како забавен, духовит, вреден и секогаш расположен за добро друштво и работа.

Овој долгогодишен бармен добро знае што го движи, па веднаш одговори кога го прашавме: Она што ме движи во работата и во животот е желбата да создадам моменти што луѓето ќе ги паметат – ни рече Дарко.

„Со искуството учиш да читаш енергија“

Дарко е друштвен човек, ги сака луѓето и токму така сфатил дека оваа професија е за него. Она што најмногу го привлече во професијата е контактот со луѓето, креативноста и динамиката што се случува од другата страна на шанкот.

Кога го прашавме дали и тој, како некои од неговите колеги, знае да процени што ќе нарача човекот кој седнува пред него, одговори: Со искуството учиш да читаш енергија, расположение, стилови, и најчесто погодувам што ќе пијат луѓето пред барот – објасни тој.

Неодамна направив пунч за повеќе луѓе во голема вазна, приближно пет литри (рум, ананас, цитруси, зачинет сируп), пиеја со големи сламки и беше голема атракција – се надоврза Дарко кога го прашавме што е најлудото што го има направено.

Нормално, како и неговите колеги, има омилена коктел-комбинација, а тоа е: мескал, ликер од бозел, некој цитрус и спаси пена.

Давид Давидовиќ од Бадел Мастерклас за Канал 5: На снимањето ни беше забрането да пиеме алкохол

Љупчо Јаковлески од Бадел Мастерклас за Канал 5: „Пред секое снимање режисерот викаше „потивко“

Вања Головски од Бадел Мастерклас, за Канал 5: „Мислев дека пиење и правење коктели е исто“

Правењето коктели за него е жива уметност, и тој целосно се согласува со таа дефиниција: Точно, коктелот е уметност. Со самото креативно мешање на различни вкусови, ние создаваме уметност.

„Имавме дополнителна задача која беше како карта за Загреб“

Иднината на оваа професија, според него, е позитивна, но има желба истата да се развива повеќе и кај нас, како што е случај во регионот: Во иднина сакам да мотивираме млади луѓе кои ќе ја препознаат убавината на оваа работа и заедно ќе ја развиваме барската култура во нашава средина – изјави тој.

Ова се четворицата натпреварувачи од Македонија за Коктел Mастер на Канал 5 You Tube

Го прашавме и како му било за време на снимањето на Бадел Мастерклас, бидејќи неговите колеги со нас поделија интересни анегдоти, а и тој имаше една: Испиено литро виски со друштвото на летот до Загреб, и така започна позитивната атмосфера на самото патување.

Не изненади кога ни откри што му било најтешко за време на натпреварувањето во Коктел Мастер – мислевме дека ќе е некој коктел, но не беше: Моментот кога се бираше четвртиот натпреварувач кој ќе патува за Загреб. Имавме дополнителна задача која беше како карта за Загреб – рече тој.

Шоуто Бадел Мастерклас можете да го гледате секој работен ден од 22 часот на You Tube каналот на Канал 5 телевизија, а Дарко на крајот од интервјуто им порача на сите кои се занимаваат со оваа професија да се пријават: Би му препорачал на секој еден бармен да се пријави на ваков тип на натпреварување – запознавање нови пријателства, стекнување нови искуства, незаборавни моменти и само позитивни препораки – заклучи Дарко.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата