Сепак, тоа не беше лесна задача. Наоѓањето нов дом за секое суштество, од најголемото до најмалото, беше огромен логистички предизвик.
Морничава атмосфера и тишина
Две години по затворањето, јутјуберот Лаки Мек одлучи да ја посети напуштената зоолошка градина и да ја сними својата авантура на камера.
Тој наиде на соби исполнети со прашливи работи и ѓубре, а потоа направи шокантно откритие, објавува LadBible.
Имено, во една од темните соби видел резервоар исполнет со формалин, а во него огромна ајкула!
Речиси недопрено тело пловело во матната течност, а видеото брзо стана вирално, поради морничавата атмосфера и мрачната тишина околу огромниот резервоар.
Необичен пресврт
Голема бела ајкула по име Роси почина во 1997 година откако се заплетка во рибарски мрежи покрај брегот на Австралија. Не можеше да се ослободи без повреда, па затоа беше донесена одлука хумано да се еутанизира.
Нејзиното тело прво било чувано во замрзнувач за образовни цели. Потоа било спуштено во формалин и предадено на зоолошката градина „Wildlife Wonderland“, каде што станало еден вид атракција.
Но, кога паркот се затворил, сите животни биле префрлени, а Роси останала да лебди, заборавена.
Во 2019 година, се случил пресврт! Конзервираното тело на Роси било купено од изложбениот центар „Crystal World“ и спасено од распаѓање. Потоа било преместено на отворен паркинг пред нивниот објект - не баш природно живеалиште, но многу подобро од заборав.

