Фестивал на ракијата ќе се одржи во Кавадарци, објавен повик за доставување на мостри

21.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фестивал на ракијата ќе се одржи во Кавадарци, објавен повик за доставување на мостри

 Фестивал на ракијата ќе се одржи во Кавадарци, објавен е повик за доставување на мостри, информираа денеска од Организациониот одбор на  првиот интернационален фестивал на јаки алкохолни пијалаци и ликери, во изјава за МИА. 

Оттаму подвлекоа дека меѓу членовите на комисијата за оценување се и стручните лица енологот Елена Богева, професорите доктори Виолета Иванова Петропулос и Иван Урошевиќ,  технолозите Игно Тасев, Драган Цветковиќ и Дејан Георгиевски, како и Влатко Тасев, како долгогодишен производител на ракија. 

- Има повеќе категории на ракија во кои ќе се врши оценување на квалитетот.  Лозова ракија, обоена и бела, овошни ракии од слива, круша, дуња, цреша, праска, црница. Ракии направени од друго овошје, бобинки и зачински билки, 

специјални ракии како мастика, џин, ликери. Доколку во категориите се појават повеќе од 10 примероци од иста ракија и ликер, ќе се формира нова категорија на ракија, појаснија организаторите на настанот. 

Притоа нагласија дека Тиквешијата како традиционално најголем лозаровинарски регион во државата, заслужува еден ваков фестивал за промоција на производите од грозје и презентација на мајсторството во областа на производството на ракија. 

Мострите може да се доставуваат до крајот на февруари, а фестивалот ќе се одржи во месец март.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата