Еден Австралиец го споделил преслаткиот момент кога рој бебиња морски желки буквално излетале од нивното песочно гнездо, пренесува Discoverwildlife.
„Вака изгледа ерупција на желка“, напиша Ендрју Ломакин на својот Инстаграм профил andrewlomakin.
„Почекајте до крајот на видеото за малку слаткост!“ напиша Ломакин.
Тој објави прекрасно видео на интернет од зелени желки кои несат јајца на островот Херон во Големиот корален гребен во Австралија.
Неколку недели пред да се сними ова видео, Ломакин гледал како мајките желки доаѓаат на плажата за да ги снесат јајцата.
Периодот на инкубација на јајцата од зелена желка е околу 60 дена.
Овие нежни мали желки се соочуваат со многу предизвици: како што вели Ломакин, нивната стапка на преживување е 1 на 1.000 младенчиња!