Добил 100 милиони евра на лотарија и не се јавил да ги подигне: „ Не можам да верувам “

31.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Добил 100 милиони евра на лотарија и не се јавил да ги подигне: „ Не можам да верувам “

Компанијата објави дека непознато лице во петокот ја извлекла добитната комбинација од броевите 2, 11, 19, 30 и 49, со дополнителни броеви 3 и 8, но дека веќе шест дена никој не се јавил да ја побара наградата.

"Не можам да верувам дека има некој кој освоил награда и сè уште не ја подигнал. Има 83 милиони причини зошто треба да ја побараат својата награда. Ги повикуваме сите кои играле на лотарија да ги проверат ливчињата", рече Енди Картер, консултант за лотарија на компанијата „Олвин“.

„Олвин“ потсетува дека минатата година, четири лица ја освоиле главната награда на лотаријата и дека најголемата награда што некогаш била исплатена била 195 милиони фунти (околу 233 милиони евра) во јули 2022 година.

Извор: Б92

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата