Дете во Холандија оштетило ремек дело од 50 милиони евра, не се знае кој ќе ја плати штетата

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дете во Холандија оштетило ремек дело од 50 милиони евра, не се знае кој ќе ја плати штетата

Делото што оштетено се вика Сиво, портокалово на бордо, бр. 8 од 1960 година. Се наоѓа во Депото, магацин отворен за јавноста кој се наоѓа веднаш до главната зграда.

Инцидентот се случил во „момент на невнимание“, изјави музејот за холандскиот весник „АлгеминДагблад“, кој ја проценува вредноста на ремек делото на дури 50 милиони евра. Според официјалното соопштение на институцијата, станува збор за површинско, но видливо оштетување на слојот од боја во долниот дел од платното.

„Очекуваме делото повторно да биде изложено“

„Моментално ги истражуваме следните чекори за реставрација на сликата. Очекуваме дека делото ќе биде повторно изложено во иднина“, соопшти музејот. Како што додаваат тие, музејот побарал експертиза за конзервација и во Холандија и во странство.

Не е наведено кој ќе ги сноси трошоците за реставрацијата и колкава е штетата, а во соопштението за медиумите се истакнува и: „Музејот Бојманс Ван Бојнинген не дава информации за проценката на вредноста на сликата, можните трошоци за нејзина конзервација или за понатамошните дејствија во овој случај. Фотографии од штетата нема да бидат дистрибуирани.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата