Ужас во Колосеумот: Сакал да направи најдобро селфи, паднал врз шилец од оградата

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Колосеумот: Сакал да направи најдобро селфи, паднал врз шилец од оградата

Според италијанските медиуми, несреќниот маж сакал да направи впечатливо, драматично селфи во древната градба, но работите тргнале наопаку.

Акцијата траеше 20 минути

Откако ја изгубил рамнотежата и паднал на метален шилец, преплашените туристи ги слушнале неговите крици кои продолжиле сè додека не ја изгубил свеста.

На спасувачите им биле потребни повеќе од 20 минути за безбедно да го отстранат од оградата. Еден од службениците на брзата помош даде изјава за медиумите:

„Тоа беше сложена операција. Губеше многу крв и мораше да работиме со голема претпазливост.“

Покрената истрага

Несреќниот турист бил однесен во болница, каде што лекарите успеале да му го спасат животот, иако шилецот му го повредил ‘рбетот. Тој завршил со 80 конци на грбот, и моментално е во сериозна, но стабилна состојба, објавува „Метро“.

Карабинерите започнаа истрага, испрашувајќи го повредениот човек, како и неговите придружници, но не се објавени никакви детали. Групата од САД била во Рим неколку дена пред инцидентот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата