Чудовиште избегало од кафез и го убило сопственикот

21.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чудовиште избегало од кафез и го убило сопственикот

Нападот на отровниот гуштер кој го нарекуваат „чудовиштето Гила“се случил на 12 февруари, а полицијата на кобниот ден нешто пред полноќ добиле повик од девојката на Кристофер, Медлин, објави Би-Би-Си.

Таа рекла дека Кристофер имал каснување од животното по телото, а кога пристигнала полицијата било откриено дека го каснал неговиот миленик Винстон, отровен гуштер од родот Heloderma suspectum.

Медлин рече дека била во друга соба кога го слушнала Кристофер како зборува нешто неразбирливо. Кога влегла во собата, го видела Кристофер на земја и видела дека гуштерот е закачен за неговата рака. Погледнала во правец на кафезот каде што го чувале Винстон и сфатила дека гуштерот успеал да побегне.

Полицијата соопшти дека Медлин повикала полиција кога Кристофер почнал неконтролирано да повраќа и да го губи здивот. Починал четири дена подоцна од последиците од каснувањето и труењето.

Еден ден откако Кристофер го претрпел фаталното каснување, полицијата и претставници на Animal Control влегле во домот на младиот човек и пронашле уште два отровни гуштери.

Како што е соопштено, во куќата биле пронајдени и 26 видови пајаци.

„Вард чувал и тарантула како домашно милениче во куќата“, соопшти полицијата.

Тие рекоа дека влекачите биле префрлени во установа за рехабилитација на дивиот свет во Јужна Дакота.

Воедно посочија дека чувањето отровни гуштери е незаконско.

Според Здружението на зоолошки градини во Сан Диего, каснувањата од гуштер Heloderma suspectum ретко се фатални кај луѓето.

„Тој гуштер е отровен, а отровот се создава во жлездите во долната вилица на гуштерот. Кога гуштерот ќе касне, малите бразди во забите помагаат отровот да тече во пленот. Каснувањето е многу силно, а гуштерот може да не го ослободи стисокот неколку секунди. Може дури и да џвака за отровот да навлезе подлабоко во раната. Каснувањето е болно за луѓето, но ретко предизвикува смрт“, пишува организацијата на својата веб-страница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата