Вучиќ бара од Велика Британија поголемо разбирање за ситуацијата на Косово

29.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ бара од Велика Британија поголемо разбирање за ситуацијата на Косово

Тој со британскиот државен министер за Европа, Северна Америка и прекуокеанските територии, Стивен Даути разговарал за актуелната ситуација на Косово.

„Разговаравме и за актуелната ситуација на Косово, каде детално го информирав министерот за речиси невозможните услови во кои живеат Србите“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Станало збор и за безбедносните предизвици во поширокиот регионален контекст, како и за европскиот пат на Србија, а Вучиќ го поканил британскиот премиер Кир Стармер да ја посети Србија.

Српскиот претседател додаде дека фокусот на разговорите бил на зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави, а се разговарало и за различни аспекти на соработката, вклучувајќи ги економијата, трговијата, сајбер безбедноста и миграцијата. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата