Советникот на „Ало инспекторе“, Јосип Келемен најави дека платформата ќе доби „бесплатна и моќна алатка за корисниците во надзорот на пазарот“ изработена од хрватските програмери.
„Ало инспекторе“ вчера организираше протест пред седиштето на хрватската Народна банка под името „Пет минути предупредувачки молк“. Слични протести се организираат во уште 20 хрватски градови.
Келемен изјави дека одлуката за протестот е донесена поради што хрватската Народна банка, согласно законот е одговорна за цените на хрватскиот пазар и затоа што не направила ништо за да ги стабилизира.
- Таа дури и не ги активираше механизмите што можеше да ги активира. Бидејќи Народната банка е одговорна и за работењето на банките во Хрватска, решивме преку овој протест да им испратиме порака дека мора да спречат понатамошно зголемување на провизиите, пред сè за да се спречи инфлацијата во Хрватска, посочи Келемен.